Капки за очи со хијалуронска киселина и екстракт од невен без конзерванси.

OCUhyl C е најнапреден производ на Unimed Pharma лабораторијата кој комбинира хигроскопни и хидратантни својства на хијалуронска киселина со природен екстракт на невен со докажани антибактериски, антиинфламаторни и регенеративни својства.

Oвие капки за очи се посебно наменети за лица кои имаат чувствителни и суви очи и кои поминуваат доста време пред компјутер и пред други екрани, а чувствуваат умор и напнатост во очите, што доведува до непријатност и чувство на суво око.

OCUhyl C нуди моментално и долготрајно олеснување. Формулиран е без конзерванси, така да погоден е за употреба како вештачки солзи за најчувствителните очи, како вештачки солзи за контактни леќи, а може да се користи и подолго време.