Вештачките солзи со хијалуронска киселина се ефикасно решение во лекувањето на синдромот суво око.
Хијалуронската киселина е полисахарид со висока молекуларна тежина кој природно се наоѓа во човековото тело, воглавно во кожата, врзувачкото ткиво и во очите. Неговата главна функција е задржување на водата, така да ткивата можат да останат добро подмачкани и хидратирани. Токму поради тоа, честопати се користи за лекување на симптоми на суво око.
Исто така, има високоеластични својства кои ѝ помагаат да го стабилизира солзниот филм и да ги намали симптомите на суво око, особено ако се очите суви по будењето или кога гледате ТВ или во компјутер.
Хијалуронската киселина помага и во пролиферација на епителните клетки и при зарастувањето на епителот на окото.
Aко носите контактни леќи, имате глауком или дијабетес или неодамна сте имале операција на око, поголема е веројатноста дека ќе развиете синдром на суво око.
Најчести симптоми се:
Симптомите често се влошуваат кога не се трепка доволно, особено во текот на активностите како што се: многу време пред компјутер, ТВ или прекумерно читање.
OCUhyl C можат да го користат возрасни, адолесценти и деца.